Големо признание за Ти-Џеј Шортс – во идеалната петорка на Евролигата

Македонскиот репрезентативец и член на Париз, Ти-Џеј Шортс, доби големо признание и е сместен во идеалната петорка на лигашкиот дел на Евролигата.

Плејмејкерот во францускиот дебитант имаше сезона од соништата, во повеќе наврати беше МВП на колото и на месецот, а во просек заврши со 18,8 поени, 7,5 асистенции и 23,3 индекс-поени по меч.

Тоа му донесе место рамо до рамо со Саша Везенков (Олимпијакос), Најџел Хајс-Дејвис (Фенербахче), Кендрик Нан (Панатинаикос) и Карсен Едвардс (САД). За првпат во 24 години, во идеалниот тим нема центар.

Париз ќе игра историска серија во четвртфиналето во Евролигата против турски Фенербахче.