• Горан Упале
Македонскиот кошаркарски интернационалец Андреј Шошкиќ стигна до своето прво значајно признание по преселбата во НЦАА ова лето.
Тој беше избран за најдобар дебитант на неделата во рамки на Coastal Athletic Association, конференцијата во која се натпреварува Универзитетот Стони Брук. За оваа награда беа доволни само два натпревари одиграни минатата недела, на кои Шошкиќ забележа вкупно 31 поен (просек од 15,5), девет скока и осум асистенции, со што во сите статистички сегменти значително го надмина својот досегашен сезонски учинок.
Македонскиот ас не е стартер во својот тим, но тренерот верува во него. Шошкиќ тоа најдобро го искористи на стартот на годината кога го постави својот рекорд на постигнати поени на еден натпревар – 27.