Големо признание за Димитријевиќ: Избран меѓу петте најдобри млади кошаркари во Ендеса

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се најде во одбрано друштво на суперталентираните Алоцен. Гаруба, Кулбока и Крејчи.

Нашата најголема кошаркарска надеж доби уште едно големо признание во Шпанија, откако се најде во изборот на идеалната петорка на млади кошаркари во Ендеса лигата.

Димитријевиќ беше трет во гласањето кое го спроведе лигата во изминатиот период, а траеше заклучно со 24 јуни. На анкетата доби 40 гласа, кои го „внесоа“ во идеалните пет млади кошаркари во најсилната лига на стариот континент.

Во изборот, освен Димитријевиќ, има место и за Карлос Алоцен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас Кулбока (Билбао Баскет) и Вит Крејчи (Сарагоса).