• Иван Димовски

Екипата на Цедевита Олимпија претрпе пораз на гостувањето кај МЗТ Скопје во рамките на АБА лигата. Иако важеше за голем фаворит, словенечкиот колектив беше надигран во СЦ „Јане Сандандски“ и неизбежен беше неуспех.
Предводникот на тимот Јурица Големац ги сподели своите импресии по поразот.
„МЗТ Скопје заслужено победи. Тие едноставно повеќе ја посакуваа победата. Зборував уште пред натреварот, се работи за сосема нова екипа со 4-5 нови играчи. Бевме без енергија и самодоверба, не ни играа неколку носители, а на крајот само можам да му честитам на ривалот.
Во криза нсме бидејќи немаме доволно играчи. Ова е прв натпрева на кој сме сите дванаесет. Драгиќ се врати по долга пауза, како и Матковиќ. Ова е последица на скратен ростер и играњето на два фронта. Клубовите од Белград имаат десет пати повеќе средства и се водечки. Да се игра против такви екипи секако има свои придобивки“, изјави Големац.
За МЗТ Скопје ова беше трета победа оваа сезона на Јадранот, прва по девет последователни неуспеси. Поради тоа, ова може да биде пресвртница на сезоната во која целта е опстанок во елитата.