• Горан Упале

Кошаркарите на Цедевита Олимпија се пред нов предизвик во регионалната лига. Љубљанските „змејови“ в сабота од 18:00 часот ќе го пречекаат тимот на МЗТ Скопје Аеродром во петтото коло од регуларниот дел од сезоната.
Во пресрет на дуелот во Љубљана, стратегот на Олимпија, Јурица Големац, испрати пофални зборови за македонскиот шампион.
„МЗТ е сериозна екипа, спој на искусни и млади кошаркари. Некои од нив се исклучително талентирани. Нашите ривали се добри снајперисти, исто така се и многу брзи, па мораме да ја запреме нивната транзиција. Мораме да играме повеќе физички, во исто време мораме да доминираме во скокот и да се обидеме брзо да ја придвижиме играта во нападот. Клучот за победата пред се ќе биде дефанзивната игра“, изјави стратегот на Олимпија, Јурица Големац.
Натпреварот меѓу Олимпија и МЗТ Скопје се игра в сабота, со почеток од 18:00 часот.