• Зоран Мишевски

Цедевита Олимпија е една од четирите водечки екипи во АБА лигата и како резултат на тоа дојде победата против Партизан пред два месеци. Овој проект е предодреден да расте и „плодовите“ од работата треба да се видат во следните години.
Цедевита, водена од тренерто Јурица Големац од вчера е во Скопје, каде се подготвува пред попладневниот дуел против МЗТ Скопје. Нашиот првак е под императив за победа, но бодовите ги сакаат и ривалите.
„МЗТ Скопје е подновен тим во вториот дел од сезоната, со многу нови играчи и нов тренер. Се работи за сериозен состав со искусни странски кошаркари и тие секако направија максимум за да не испаднат од лигата. Натпреварот сигурно нема да биде лесен.
Нашите ривали имаа една недела да се подготват за нас, а и салата дефинитивно ќе биде полна. Ако сакаме да освоиме уште два бода, ќе мора да играме добро во одбраната и многу паметно во нападот“, рече тренерот на Цедевита Олимпија, Јурица Големац.
Натпреварот се игра попладнево од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.