Голема вест за Србија: Никола Јокиќ го потврди учеството на ЕП!

Српската кошаркарска јавност утрово доби големи вести – најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ ќе настапи на претстојниот Европски шампионат. Оваа вест двократниот МВП освојувач му ја соопшти на српскиот селектор, Светислав Пешиќ.

Исто така, центарот на Денвер Нагетс ќе настапи и во августовскиот „прозорец“ на ФИБА, а потоа и на континенталниот собир. 

Како што соопшти Кошаркарскиот сојуз на Србија, најдобриот НБА играч во изминатите две сезони и идниот жител на „Куќата на славните“ во Спрингфилд му потврдил на селекторот Пешиќ дека може да смета на него во споменатите натпреварувања. Поради познатото НБА осигурување, кое им овозможува на играчите да поминат со репрезентацијата најмногу 28 дена пред почетокот на Европското првенство, Никола нема да може да игра за „орлите“ во јунскиот „прозорец“.

Но, најважно за Србија е што тој ќе биде со соиграчите уште од старот на подготовките за континенталниот турнир. На Евробаскетот, кој што започнува во септември, Србија во групната фаза ќе се судри со Чешка, Израел, Финска, Полска и Холандија.