Голема победа на МЗТ среде Сараево, Медфорд херој на „штрковите“

Медфорд

Првиот меч за МЗТ Скопје во полуфиналето од АБА 2 лигата донесе херојска победа на гостувањето кај Спарс Сарајево (70-71).

Македонскиот претставник во регионалното натпреварување одигра очајно во првиот дел, но до крајот успеа да ја анулира високата негатива и да слави со поените на Лестер Медфорд на една секунда до крајот. Домаќинот не успеа да стигне до триумф и во третиот дуел со „штрковите“, по двата порази во регуларниот дел од сезоната.

  • Извештај од натпреварот: 

Избраниците на Ѓорѓи Кочов заиграа подобро по добиените совети за време на паузата и направија своја серија. Истата им донесе целосен кам-бек во натпреварот. Третиот период заврши во полза на МЗТ со 14-26 и донесе најава за неизвесна завршница.

Брзи 6-0 на стартот од последниот период им овозможи на домашните кошаркари повторно да побегнат на забележителна разлика. Тоа го натера Кочов да повика тајм-аут кој се покажа како правилна одлука, бидејќи играчите одговорија со серија 9-0 и израмнија на 62-62 на четири минути до крајот.

Подобрата игра во одбрана беше пресудна и го реши победникот, а тоа му овозможи на гостинскиот тим да поведе во серијата подобар од три. Херој беше Медфорд кој се надоврза на поените на Бојиќ и погоди за конечни 70-71.

  • Победоносните поени на Медфорд: 

Медфорд, Иванов и Симоновски постигнаа по 13 поени за МЗТ, а со 15 поени кај домашната екипа се истакна Камењаш. Следниот меч е закажан за четири дена во Скопје.

  • Поен на натппреварот:

  • Поен на натппреварот: