Голем удар за Србија, Теодосиќ го пропушта СП во Кина! 

Најавите на српските медиуми за црно сценарио околу повредата на Милош Теодосиќ се испоставија како точни, откако пристигна потврдата дека еден од најдобрите кошаркари на „орлите“, нема да настапи на претстојното Светско првенство во Кина, пренесува „Еурохопс“.

Новиот член на Виртус Болоња се здоби со повреда на тетивата на стапалото на натпреварот против Литванија, а деталните медицински прегледи покажаа дека истата е сериозна и капитенот на Србија нема да биде подготвен за Мундобаскетот. 

Дефинитивно ова е најголемиот удар за селекторот Александар Ѓорѓевиќ, кој за собирот во Кина на плејмејкерската позиција ќе остане само со Стефан Јовиќ и Василије Мициќ.