Голем удар за Мајами пред источното финале со Бостон

Екипата на Мајами Хит се соочува со голем проблем пред стартот на финалната серија на Истокот против тимот на Бостон Селтикс, затоа што нема да може да смета на важен играч.

Стартниот плејмејкер Кајл Лаури нема да може да ја започне серијата. 36-годишниот кошаркар има проблеми со задната ложа и поради тоа нема да може да го игра првиот натпревар, а за понатаму – ќе одлучи медицинскиот тим.

Некогашниот шампион со Торонто се повреди во третиот натпревар против Филаделфија. Првиот натпревар од финалната серија меѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс се игра во среда од 2:30 часот по полноќ.