Голем удар за Црвена Звезда, Теодосиќ жестоко казнет од АБА

Кошаркарот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ, е казнет со три натпревари суспензија и 10.000 евра поради неговото однесување на натпреварот против Игокеа.

Теодосиќ доби казна за инцидент за време на натпреварот со Игокеа. Плејмејкерот на црвено-белите заработи исклучување, по што им се приближи на судиите и им се обрати со непристојни зборови.

Ова значи дека Теодосиќ сигурно ќе ја пропушти целата полуфинална серија против Будуќност, а можеби нема ни да го игра првиот натпревар од финалето, доколку Црвена Звезда го победи тимот од Подгорица во два натпревари.

Ова е голем удар за Црвена Звезда, со оглед на тоа што Коди Милер-МекИнтајер е повреден.

ФОТО: Игокеа МТел / Марија Вуруна