Голем удар за австралиските амбиции: Бен Симонс нема да игра на Мундобаскетот

Еден од фаворитите од сенка за медал на Мундобаскетот во Кина, репрезентацијата на Австралија претрпе голем удар за своите амбиции, откако на големиот собир во септември ќе настапи без бекот на Филаделфија и најдобар кошаркар на репрезентацијата, Бен Симонс.

Симонс го одби повикот за настап во репрезентативниот дрес, бидејќи потребен му е одмор по напорната сезона во најсилната лига на светот. 

Минатата сезона Симонс блеска и во просек реализираше 16,9 поени, 8,8 скока и 7,7 асистенции по натпревар.

Австралија на Мундобаскетот се наоѓа во групата Х заедно со Канада, Сенегал и Литванија.