• Зоран Мишевски
Она што често се најавуваше во НБА лигата во последните месеци, сега дефинитивно се оствари - Кевин Дурант е трејдован од Феникс Санс во Хјустон Рокетс.
Познатиот новинар Шамс Чаранија потврди дека Дурант се сели во Хјустон. Дурант станува новиот член на „ракетите“, кои ги испратија одличниот бек Џејлен Грин, Дилон Брукс и десеттиот избор на овогодинешниот НБА драфт во Феникс. Оваа вест доаѓа по многу лошата сезона на Дурант со Феникс, клуб кој дури не стигна ни до плеј-офот на НБА лигата.
„Сонцата“ ја завршија сезоната на единаесеттото место во Западната конференција, со 36 победи и 46 порази. Дурант минатата сезона просечно постигнуваше 26,6 поени по натпревар, додавајќи просек од 6 скока и 4,2 асистенции.
Во текот на сезоната, франшизата од Аризона ја напушти и босанскиот центар Јусуф Нуркиќ, кој стана член на Шарлот Хорнетс.