Голем проблем за Милвоки, заврши сезоната за еден од клучните играчи

Кошаркарот на Милвоки, Кевин Портер Џуниор, нема да настапува до крајот на тековната НБА сезона поради повреда на коленото.

Клубот соопшти дека Портер бил подложен на оперативен зафат, по што го очекува подолг период на рехабилитација. Тој последен пат настапи во март, а повредата го принуди предвреме да ја заврши сезоната.

Во текот на сезоната, Портер настапи на 38 натпревари и имаше солиден учинок, со просек од 17,4 поени, 7,4 асистенции и 5,2 скока по натпревар, играјќи една од клучните улоги во тимот. 

Неговото отсуство претставува значителен удар за Милвоки во финишот на сезоната, особено во борбата за пласман во плеј-ин фазата. Екипата има скор од 31 победа и 48 порази.