ВИДЕО: Голем проблем за Бостон, повредата на Тејтум не делуваше наивна

Бостон Селтикс синоќа доживеаја тежок пораз од Њујорк Никс во четвртиот меч од полуфиналето на Источната конференција, со што паднаа во негатива од 3-1 во серијата, но резултатот остана во сенка на загрижувачката повреда на Џејсон Тејтум.

Ѕвездата на Селтикси настрада при обид да се избори за изгубена топка, кога лошо нагази и веднаш побара помош од лекарскиот тим. Не можеше сам да застане на нозе и со поддршка од соиграчите го напушти паркетот.

Тејтум во солзи беше пренесен со количка во соблекувалната, а првичните индиции укажуваат на повреда на Ахиловата тетива. Засега нема официјална потврда за сериозноста на повредата, но ситуацијата не изгледа оптимистички за Бостон.