Голем пех за Реал Мадрид, се повреди најдобриот плејмејкер

Реал Мадрид претрпе силен удар и ќе мора без Факундо Кампацо во период со густ распоред на крајот на годината. Аргентинскиот плејмејкер има повреда на мускул на ногата, а тренерот Педро Мартинез во вторникот потврди дека засега нема утврден датум за неговото враќање.

Кампацо сезонава во Евролигата има просек од 9,7 поени и 4,9 асистенции на девет настапи, од кои три ги почна во стартната петорка. Отсуството на 35-годишниот организатор на играта, двократен европски првак и поранешен НБА-кошаркар, дополнително ги стеснува опциите на мадридскиот тим.

На списокот со повредени веќе се Габриел Дек, Усман Гаруба, Микаел Јантунен и Тео Маледон. Сепак, пред средбата со Панатинаикос пристигна и една добра вест: Ник Смит Јуниор доби лекарска дозвола по повредата на стапалото и се очекува да биде во составот во среда, во „Мовистар арена“, во десеттото коло од Евролигата.