• Иван Димовски
Организаторот на играта на Партизан, Алекса Аврамовиќ, го плати данокот на победата против Олимпија Милано во Белград.
Плејмејкерот заработи нова повреда, односно скршеница на зглобот. Ова е четврти пат Аврамовиќ да го чека подолга пауза од ваква природа во својот период минат во Партизан. Тој на средината на првата четвртина веројатно лошо згазна и го измести зглобот, па во болки го напушти теренот.
Aleksa Avramović got injured. pic.twitter.com/qHswVs1D94
— Basketball Sphere (EN) (@BSphere_) December 7, 2023
За состојбата на Аврамовиќ се огласи тренерот Жељко Обрадовиќ, кој ги откри првичните наоди на докторите, а тие се катастрофални.
„Алекса сериозно се повреди, се работи за скршеница на ногата. Колку време ќе паузира - ќе видиме. Токму несреќни работи му се случија овие години, тоа е неверојатно“, заклучи Обрадовиќ.
Пред плејмејкерот е период на заздравување, а јасно е дека Партизан ќе мора да игра без српскиот репрезентативец во следните натпревари.