Голем пех за Атаман: Вилдоза мора на операција, ќе отсуствува два месеци

Најзасилената екипа во Евролигата минува немирна и сезона полна со проблеми, Кошаркарот на Панатинаикос, Лука Вилдоза ќе мора да го оперира коленото на левата нога. Аргентинец тешко се повреди на натпреварот од грчкиот шампионат против Перистери.

Аргентинецот ќе мора да паузира, најмалку два месеци. 28-годишниот Вилдоза го скинал надворешниот дел од менискусот на левата нога. Како што соопштија од грчкиот клуб тој во вторник ќе биде опериран.

Вилдоза во Евролигата има просек од 6,8 поени, 1,7 скока и 1,7 асистенции на 18 натпревари, а во грчката лига на 11 натпревари има просек од 8,5 поени, 1,4 скока и 2,8 асистенции.