Голем пех за Атаман, Турција остана без главниот плејмејкер

Репрезентацијата на Турција доби сериозен удар во пресрет на нокаут фазата на Евробаскетот. 

Селекторот Ергин Атаман нема да може да смета на услугите на натурализираниот плејмејкер, Шејн Ларкин. Играчот на Ефес ќе мора да оперира прст на шутерската рака и го очекува пауза од околу два месеци. Оваа информација ја соопшти и селекторот. 

„За нас ова е голем шок. Очекував дека Шејн ќе заздрави и ќе се приклучи на репрезентацијата, но лекарските извештаи велат дека за него ова Европско првенство е завршено“, кажа Атаман.

Организаторот на екипата во групната фаза тргна одлично во групната фаза, меѓутоа како што течеа колата неговиот учинок опаѓаше, веројатно поради болки. Ларкин во петте натпревари имаше просек од 34,4 минути на паркетот, 9,2 поени, 7 асистенции и просечен индекс на корисност од 13,6 поени.

Турција во осминафиналето утре од 12:00 часот ќе се судри со Франција.