Голем кам-бек во Бадел 1862: Лазареска повторно се активира и се враќа на паркетот

Бадел 1862 започна со формирањето на екипата за новата сезона, а првиот потег носи добро познато име. Поранешната македонска репрезентативка Сандра Лазареска повторно ќе го облече дресот на клубот.

Лазареска по паузата поради мајчинство одлучи повторно да се активира и да се врати на кошаркарските терени. Нејзиното искуство и квалитет треба да бидат значајно засилување за Бадел, а може да одговори на позициите бек и крило.

Од клубот со големо задоволство го потврдија кам-бекот на Лазареска и најавија дека нејзиното присуство ќе биде од голема помош во градењето на тимот за предизвиците во новата сезона.