• Мартин Танасковски

Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ ненадејно почина од срцев удар на 46-годишна возраст во САД каде работеше како дел од стручниот штаб на Голден Стејт. Србија се простува од некогашниот играч, а неговиот прв клуб како тренер реши да направи голем потег.
Мега не е клуб со голема историја, ама ако некој заслужил да биде важен дел од неа, тогаш тоа е Дејан Милојевиќ. Поради големината на тренерот и се што направи за клубот од 2012 до 2020 година, раководството се реши на голем потег.
Во иднина салата во која Мега ги игра натпреварите ќе го носи името тренинг-центар „Дејан Милојевиќ“. Да потсетиме, Милојевиќ по крајот на богатата играчка кариера стана тренер на Мега, а во овој клуб успеа да го пронајде двократниот МВП во НБА-лигата, Никола Јокиќ.
Мега низ годините во меѓувреме се позиционира и како клуб кој не е од САД, а има најмногу играчи на НБА-драфтот.