ФОТО: Голем гест на „македонските девојчиња“ - ќе играат за повредените репрезентативки

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија се враќа на квалификациската сцена, но ќе биде десеткувана, поради повреди на три првотимки. 

Од националниот тим отсутни се капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и на Ивона Пејковска кои заработија незгодни повреди, но и покрај тоа, нивните колешки не ги заборавија. На загревањето, сите носеа бела трака на своите раце, на која ги имаше напишано бројките на дресовите на трите повредени репрезентативки.

Првиот натпревар Македонија го игра против Италија и стартува од 17.00 часот.