• Иван Димовски
Каваи Ленард повторно ќе отсуствува и нема да биде дел од тимот на Лос Анџелес Клиперси. По проблемите со потешката повреда на коленото, Ленард се врати на два меча и пак имаше проблем кој го натера на пауза.
Сега ѕвездата на Клиперси доби дозвола за отсуство поради приватни причини, а поврзани со тешките пожари во Лос Анџелес. Овој калифорниски град е сериозно погоден од страшна огнена стихија, има многу жртви, куќи изгорени во целост и поради таа причина Ленард замина од тимот.
Иако куќата на Ленард и неговото семејство не „настрада“ во пожарите, тој се чувствува општествено одговорен и замина за да им помогне на настраданите во тешките моменти. Ова е голем потег на НБА ѕвездата особено во момент на кариерата кога мора повторно да ја бара формата.