• Горан Упале
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс направија голем пресврт и славеа со 117-113 во продолжението против Детроит Пистонс во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција, поведувајќи во серијата со 3-2.
Кавалирси остварија голема победа на гостински терен, иако губеа со 103-94 на три минути до крајот на натпреварот, но тимот на тренерот Кени Атконсон покажа карактер, не се предаде, што на крајот се исплати со важна победа.
По тоа убедливо водство на Детроит, гостите влегоа со серија од 9-0 и го израмнија резултатот на 103-103. Натпреварот подоцна отиде во продолжение, каде што Кливленд ја продолжи серијата на 13-0 и целосно го свртеа резултатот и заслужено славеа со 117-113.
Џејмс Харден постигна 30 поени, додаде 8 скока, 6 асистенции и 3 блокади, вклучувајќи ги и клучните слободни фрлања во продолжението. Мичел додаде 21 поен, а Страс 20 поени со 6 тројки. За Пистонси, Кејд Канингем беше најефикасен со 39 поени, 9 асистенции и 6 скока, додека Џенкинс додаде 19 поени.
Кавалирси сега водат во серијата со 3-2 и имаат шанса да ја завршат работата на својот паркет, додека Пистонси, ако сакаат да останат во игра, мора да ја вратат серијата назад во Детроит.



