Голден Стејт се раздели со ветеранот Шон Ливингстон

Шон Ливингстон

Екипата на Голден Стејт Ворирос потврди дека се ослободи од 34-годишниот ветеран Шон Ливингстон.

Кошаркарот кој беше дел од петте НБА финалиња во последните пет сезони не сакаше да ја прекине кариерата, па сега е во потрага по нов клуб.

Тој требаше да добие 7,7 милиони долари во последната година од договорот со „воините“, а вака ќе ги добие само оние два милиони кои му се загарантирани. Во најсилната кошаркарска лига е цели 16 години и планира да игра уште неколку сезони.

Ливингстон е четвртиот кошаркар кој си замина од тимот на Стив Кер ова лето по Кевин Дурант, Андре Игудала и Демаркус Казинс.