• Сашо Поповски

Голден Стејт Вориорс преку Бостон Селтикс стигна до нова титула во НБА лигата. Тимот на Стив Кер славеше во финалната серија со конечни 4-2.
Династијата предводена од Стеф Кари доби најголеми шанси за трофејот и наредната сезона. Зад „воините“ се Бруклин Нетс, а потоа следуваат Бостон Селтикс, Милвоки Бакс, Мемфис Гризлис, Денвер Нагетс, Лос Анџелес Клиперс, Далас Маверикс, Феникс Санс и Филаделфија 76ерс.
Традиционално новата натпреварувачка сезона ќе започне во октомври. Драфтот е закажан за неколку дена (23 јуни), на кој правото да избира прв ја има тимот на Орландо Меџик.
„Ол-стар“ натпреварот во 2023 година е закажан за 19 февруари и ќе се одигра во „Вивинт Арена“ во Солт Лејк Сити, Јута.