Голден Стејт останува со ист ростер, максимални договори за повредените „воини“

Дурант Томпсон

НБА аналитирчарите предвидуваат дека династијата на Голден Стејт ќе заврши со овогодишниот пораз во финалето од Торонто.

Кевин Дурант ја скина ахиловата тетива, а Клеј Томпсон вкрстените лигаменти на левото колено, па тимот на Стив Кер десеткуван ја заврши финалната серија.

Ваквиот расплет на настаните донесе шпекулации дека ќе следува распад на една од најдоброформираните екипи на сите времиња. Но, така не мисли „ЕСПН“ кој тврди дека Вориорси ќе ги наградат повредените кошаркари со максимални договори.

Доколку се остварат овие предвидувања, трикратниот НБА првак ќе исплаќа неверојатни 350 милиони долари само за плати на играчи.

Дурант ќе добие 38, Томпсон 33, а само со заработката на Стеф Кари од 40 милиони ќе се пополни салари капот.