ВИДЕО: Голден Стејт надополни -19 против Мајами, Филаделфија ги уништи Лејкерси

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс запишаа нова победа во НБА лигата, откако на домашен терен го совладаа Мајами Хит со 120-118. Почетокот на мечот им припадна на гостите, кои во еден момент имаа и максимални +19 (7-26), но на крајот и тоа не беше доволно за триумф против шампионот.

Целосниот пресврт „воините“ го направија во третата четвртина, кога негативата од -5 на полувреме (54-59) ја претворија во позитива од +8 (90-82) пред последната четвртина. Во финишот Мајами повторно успеа да поведе (115-118), но Дурант со тројка и Казинс со две слободни фрлања донесоа победа од 120-118. Најефикасен кај Вориорси беше Дурант со 39 поени, а кај Мајами, Џош Ричардсон запиша 37 поени.

Филаделфија 76ерс на домашен терен го демолира Лос Анџелес Лејкерс и го совлада со убедливи 143-120. Натпреварот беше изедначен до пред крајот на првиот дел, кога Сиксерси направија серија од 11-0 и на одмор заминаа со предност од 74-63. Во продолжение Леброн и неговите соиграчи се обидуваа да се вратат во игра, намалија и на негатива од -3, но Филаделфија со нова серија повторно резултатски побегна и на крајот славеше убедлив триумф. Најзаслужен за троумфот на домаќините беше Џоел Ембид со 37 поени, додека кај Лејкерси се истакна Кајл Кузма со 39 поени.

Во останатите натпревари Далас Маверикс благодарение на Лука Дончиќ го доби Портланд Траил Блејзерс со 102-101, Орландо Меџик на гости ја совлада Атланта Хоукс со 108-124, а Сакраменто Кингс на домашен терен беше сигурен против Феникс Санс (117-104).