Голден Стејт го повлекува од употреба дресот на една од клупските икони

Американскиот медиумски гигант „ЕСПН“ објави дека управата на Голден Стејт Вориорс ќе го повлече од употреба дресот со бројот 11, кој досега му припаѓаше на легедарниот Клеј Томпсон. 

Кошаркарот си замина од Голден Стејт после единаесет години и премина во редовите на Далас Маверикс, по што било решено да се одржи свечена церемонија на која ќе му биде укажана голема чест. 

Клеј Томпсон е четирикратен шампион на НБА лигата и сите титули ги освои токму во овој дрес, со што стана вистинска икона на клубот, заедно со неповторливиот Стеф Кари. Од следната сезона ќе го гледаме како соиграч на Лука Дончиќ, а навивачите на Далас се надеваат дека неговото присуство ќе биде од огромно значење за ростерот на Џејсон Кид.