• Саше Љолес
Искусниот кошаркар од Доминиканската Република, Ал Хорфорд, официјално е нов играч на Голден Стејт Вориорс, објави трофејната НБА франшиза.
Хорфорд доаѓа во Голден Стејт после четири години минати во Бостон Селтикс, каде за првпат во својата кариера ја освои шампионската титула.
Претходно настапуваше за Оклахома Сити Тандер и Филаделфија 76ерс, а своевремено беше соиграч и на нашиот Перо Антиќ во екипата на Атланта Хоукс.
Минатата сезона просечно бележеше 8,8 поени, 6,1 скок и 2,8 асистенции по натпревар.









