ВИДЕО: Голден Стејт без Кари немаше сили за нов „брејк“, Минесота ја израмни серијата

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс израмнија во серијата против Голден Стејт Вориорс во НБА лигата, откако славеа со 117-93 на вториот домашен натпревар. Немаа „воините“ сили без првата ѕвезда Стеф Кари за нов „брејк“ во Минеаполис и претрпеа неуспех, а сега серијата се сели во Сан Франциско. 

  • Минесота Тимбервулвс - Голден Стејт Вориорс:

Уште од стартот на средбата во „Таргет Центарот“ се наметна домаќинот бидејќи поведе со 13-0. Имаше Минесота во првиот дел највисоко водство од 22 поени, а на пауза меѓу полувремињата се замина со резултат 56-39. Во продолжението Голден Стејт се обиде да се врати, стигна еднаш на „минус седум“ ама немаше сили за сензација. 

Тимбервулвси до крајот одиграа рутински и дури во последните минути стекнаа највисоко водство од 25 поени. 

Прво име во победата на Минесота беше Џулиус Рендал со 24 поени и 11 асистенции, додека по 20 уфрлија Едвардс и Александер-Вокер. Кај Вориорси најзапазен настап имаше Куминга со 18, а еден поен помалку уфрли Батлер.