ВИДЕО: Гобер со клучна блокада донесе победа за Јута, Филаделфија израмни против Атланта

Мичел

Јута Џез го одбрани домашниот терен на првиот дуел од конференциското финале против Лос Анџелес Клиперс (112-109). Клучен потег за победа направи Руди Гобер, кој го блокира Маркус Морис при обидот со тројка да го однесе мечот во продолжение.

Блескава партија одигра Донован Мичел, првата ѕвезда на тимот од Солт Лејк Сити. Неговите 45 поени беа најзаслужни за поведувањето со 1-0 во серијата со екипата од „Стејплс Центар“. Кај гостите со 23 поени се истакна Каваи Ленард.

Домашен триумф запиша и Филаделфија која во завршницата успеа да ја „скрши“ Атланта (118-102) и да израмни во серијата на 1-1. Натпреварот беше одбележан од Џоел Ембид и неговите 40 поени. Домашниот центар не дозволи нов кикс на екипата предводена од Док Риверс и донесе прва победа во серијата. Тивката ноќ кај гостинските стартери беше главна причина за овој пораз.

Вечерва на програмата е вториот судир меѓу Феникс Санс и Денвер Нагетс, каде почетна предност има тимот од Аризона.