• Иван Димовски
Руди Гобер беше во елемент во победата на Минесота Тимберволвс против Денвер Нагетс (119-116) во НБА лигата.
Францускиот центар кој неодамна потпиша нов договор во еден напад невнимателно „му даде“ лакт на Никола Јокиќ кој падна на паркетот. Судиите по преглед на снимката решија да досудат неспортски фаул за оваа ситуација.
- Ударот на Гобер со лакт:
Rudy Gobert was assessed a flagrant 1 foul for this elbow on Nikola Jokic. pic.twitter.com/wHfDmWptB3
— ESPN (@espn) November 2, 2024
Во продолжението од мечот веќе фрустрираниот Гобер беше дополнително испровоциран од Кристијан Браун. Асот на Денвер заби преку него, па му се внесе в лице. На тоа Французинот не остана нем, го фати за врат и го оттурна, а тогаш реагираа соиграчите кои ги разделија.
- Клинчот на Гобер и Браун:
Christian Braun and Rudy Gobert got into it after this play.
Double technical fouls were assessed. pic.twitter.com/lSCC7J4sNY
— ESPN (@espn) November 2, 2024
За судирот и однесувањето двајцата добија по техничка грешка од судиите.
Инаку, Руди Гобер беше еден од јунаците на Минесота во победата над Денвер.