Го зголемија буџетот за ПЕТ ПАТИ за да го нападнат тронот во Евролигата

Францускиот кошаркарски клуб Асвел подготвува амбициозен проект за сезоната 2026/27, со буџет кој би можел да достигне дури 25 милиони евра.

Клубот од Вилербан планира сериозно зголемување на вложувањата по влезот на нови инвеститори и стабилизацијата на финансиската состојба. Со ваков буџет, АСВЕЛ би се вброил меѓу финансиски најмоќните клубови во Евролигата. Раководството на клубот, предводено од Тони Паркер, има јасна цел - создавање конкурентен тим способен за борба за плејофот во Евролигата и враќање на Асвел во самиот врв на француската кошарка.

Францускиот клуб веќе работи на засилувања, а медиумите пишуваат дека се подготвуваат богати понуди за неколку познати француски репрезентативци и играчи од НБА и Евролигата.

АСВЕЛ во последните сезони имаше финансиски турбуленции, но со новата структура и дополнителниот капитал, клубот сака да отвори ново поглавје и да стане постојан конкурент во европската елита, со надеж за евентуално освојување на шампионската титула.