Го сруши „кралот“, па доби МВП на колото во Евролигата

Најџел Хејс-Дејвис е избран за најкорисен играч во 14. коло на Евролигата. 

Американскиот кошаркар на Фенербахче имаше блескава партија, го сруши „кралот“ Реал Мадрид и си доби заслужено признание. Хејс-Дејвис мечот против шпанскиот гигант го заврши со 33 поени и четири скока. Тој имаше индекс на корисност од 30. 

Во ова коло покорисен беше Вил Клајбурн од Виртус со индекс од 38, меѓутоа неговиот тим загуби од Црвена Звезда. Следен на листата е Еван Фурние, пред Чима Монеке (Басконија) и Ајзеа Кенан (Црвена Звезда).