Го понижи „кралот“ Леброн, па доби повик за враќање во НБА лигата

Францускиот репрезентативец, Герсон Јабуселе, по сѐ изгледа ја завршува етапа во Реал Мадрид и наскоро ќе се врати во НБА лигата, соопштија повеќе американски медиуми. 

Јабуселе настапуваше за Бостон Селтикс во периодот помеѓу 2017 и 2019 година, а сега би можел повторно да се врати во Соединетите Американски Држави, но овој пат во дресот на Оклахома Сити Тандер. 

За неговите услуги се заинтересирани и уште неколку евролигаши, но желбата на играчот е да се врати во САД и повторно да проба да одигра неколку сезони во најсилната светска лига. Французинот три сезони беше дел од Реал Мадрид и успеа да ја освои Евролигата, а беше и меѓу главните поединци во дресот на „кралевите“. 

Пред само неколку денови со селекцијата на Франција се закити со сребрениот медал од Олимписките игри, откако во финалето „триколорите“ загубија од „дрим-тимот“ на САД.