Го освои првото место на Западот, па го избраа за најдобар тренер во НБА

Тренерот на Оклахома, Марк Дагнолт е избран за најдобар во регуларната сезона во НБА лигата. 

39-годишникот ја предводеше Оклахома Сити Тандер до првото место во Западната конференција на НБА лигата. Со одличната работа во Оклахома, Дагнолт добива лично признание кое ќе му биде огромен стимул во кариерата бидејќи е многу млад стратег. 

Регуларната сезона Тандерс ја завршија со 57 победи и 25 порази. Напредокот е евидентен, бидејќи претходната сезона беа десетти, а главната алка во тимот сезонава беше разиграниот Шеј Гилџус-Александер.