Го напушти Партизан за да игра во НБА, но доби експресен отказ!

Поранешниот кошаркар на Партизан, Камерон Пејн, неславно ја завршува етапата во редовите на Филаделфија 76ерс, каде пристигна во февруари годинава. 

Американецот го напушти белградскиот тим за да добие нова можност во најсилната светска лига, но не успеа да се наметне кај стручниот штаб и неговиот договор наскоро ќе биде раскинат. За нешто помалку од два месеца, Пејн настапи на 22 натпревари, со просек од 7,4 поени и 2,6 асистенции. 

Во еден момент, имаше повеќе од забележителни партии, вклучително и рекордот на кариерата од 32 поени на мечот против Мемфис, но во последно време не е во ротацијата, а дополнителен проблем за него беше и повредата на задната ложа. 

На тој начин, неговата етапа во Филаделфија завршува неславно, исто како и престојот во Партизан. 

31-годишниот Пејн „луташе“ низ неколку НБА франшизи, но никаде не остави посериозен печат. Најдобра сезона му беше 2021/22, кога во дресот на Феникс просечно постигнуваше 9,7 поени по натпревар.