• Саше Љолес
Плејмејкерот на Барселона, Кевин Пантер, се огласи со еден брутален твит по повод втората најдобра петорка во Евролигата, веројатно сметајќи дека за него мора да има место во овој состав.
Американскиот кошаркар на својот твитер профил напиша „Ова сра*е е наместено!“, а потоа објавата беше избришана. Во втората најдобра петорка се најдоа Мајк Џејмс, Хуанчо Хернанго,ез, Валтер Таварес, Тео Маледон и Еван Фурние, но овој избор очигледно не му се допаднал на Пантер, кој важи за еден од најдобрите играчи во Евролигата.
Не е познато дали плејмекерот ќе добие некаква казна или санкција од елитното натпреварување, но јасно е дека дел од кошаркарите не се согласуваат со изборот за идеалните петорки сезонава.