Глигоријевиќ: Лигата е изедначена, нè очекува неизвесна сезона

Кошаркарскиот клуб Тиквеш во новата натпреварувачка сезона влегува со амбиции барем да го повтори ланскиот успех и играњето во плеј-офот на Суперлигата. На стартот на новата кампања тимот од Кавадарци гостува кај новајлијата во лигата во Штип. 

Капитенот Стефан Глигоријевиќ за сајтот на Кошаркарската федерација на Македонија даде кратка најава за почетокот. 

„Нашите амбиции се секогаш високи. Сакаме да се прикажеме во најдобро светло, да бидеме конкурентни на секој натпревар, и да се бориме за што повисок пласман. Нашето најголемо оружје во оваа сезона ќе бидат заедништвото, тимската игра и борбеноста. Бидејќи од година во година екипите во лигата се изедначени, очекувам исклучително интересна и неизвесна сезона“, изјави капитенот на Тиквеш.

Средбата меѓу штипјани и кавадарчани е на програмата во терминот од 18:00 часот.