Глигоријевиќ го напушти Работнички и потпиша за Куманово

Куманово продолжи да гради тим за следната сезона и во своите редови донесе играч од најтрофејниот клуб Работнички.

Нов член на кумановчани е Стефан Глигоријевиќ, српски кошаркар кој настапува во домашниот шампионат како „домашен“ затоа што поседува и македонски пасош. Крилото кое е родено во 1997 година се договори за едногодишна соработка.

Кумановчани кои ќе бидат предводени од тренерот Мирковски договорија неколку засилувања, меѓу нив и две американски звучни имиња, а тоа се Џон Шелби со НБА-искуство и Хулио Гуити.