ФОТО: Гламурот и познатите личности на емотивниот „Ол-стар“ во чест на Коби Брајант

Пејачи, актери и актерки, познати личности во САД... никој не сакаше да го пропушти спектакуларниот викенд во Чикаго.

НБА лигата традиционално направи пауза во февруари и им овозможи на ѕвездите да се забавуваат, пред да започнат да размислуваат за плеј-оф завршницата. Леброн Џејмс и Јанис Антетокумбо достојно си ја завршија функцијата капитен на тимот, а останатите се погрижија очекувањата кај сите љубители на кошарката да бидат задоволени.

Викендот беше посветен на Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари, а МВП трофејот кој го доби Каваи Ленард од оваа година го носи неговото име.

Дел од познатите личности на спектаклот во Чикаго: