• Саше Љолес
Еден од најискусните репрезентативци на македонската репрезентација, Стојан Ѓуроски, по победата над Луксембург (80-66) истакна дека токму карактерот и односот кон играта биле пресудни Македонија да го задржи максималниот ефект до самиот крај на претквалификацискиот циклус.
„Тежок натпревар за нас, без неколку играчи и со скратен ростер. Мило ми е што покажавме карактер и влеговме максимално во натпреварот, без разлика што за нас немаше резултатско значење.
Многу е тешко да се победат шест од шест натпревари во едни квалификации, што го покажува и фактот дека ние сме единствената репрезентација без пораз.
Битно е што некои играчи добија шанса поради отсуството на други поединци и максимално ја искористија таа можност. Со тоа покажаа дека иднината на македонската кошарка е светла“, изјави Ѓуроски.
Македонија ја заврши првата фаза од претквалификациите како убедливо првопласирана во групата А. Нашиот национален тим го очекува стартот на втората рунда од квалификацискиот циклус, која започнува на 27 август.

