Ѓуроски одигра како во најдобрите денови, Работнички во луд меч го среди Феникс

Кошаркарите на Работнички, и покрај големите осцилации, успеајљ да слави голема победа над Феникс 2010 во првото коло од новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија. Скопските ривали одиграа неверојатен натпревар во СРЦ „Кале“, покажаа две лица и од врвот паѓаа во дупка, а на крај посреќен беше домаќинот кој триумфираше со 90-85.

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Феникс 2010:

Најтрофејниот, и покрај проблемите со кои се соочува во овој период, натпреварот го отвори моќно и ефикасно – постигна 33 поени и на првата мала пауза замина со предност од убедливи 14 разлика (33-19). Но, во втората четвртина следуваше неверојатен пад на центарци, кој Феникс 2010 фантастично го искористи. Неверојатно е како може екипа која што во првите десет минути постигна 33 поени, во вторите да реализира само осум. Феникс 2010 во тој период броеше до 35 и на полувреме водеше со 13 поени разлика (41-54).

Самарџиев имаше што да им каже на своите избраници за време на петнаесет минутниот одмор, по кој Работнички на паркет делуваше како друга екипа. Најтрофејниот одново влезе во серија и намали на само два поени негатива (66-68), а во последниот квартал имаше целосна контрола и на крај заслужено впиша победа од 90-85.

Прв поентер кај Работнички беше Стојан Ѓуроски со 26 поени, одлични беа и Полутак и Робев со по 15, а Андреј Шошкиќ натпреварот го заврши со 13 поени. Единствен двоцифрен во таборот на Феникс 2010 беше Стојковиќ со 14 поени.