Ѓорѓи Кочов останува на клупата на МЗТ и наредната сезона

Ѓорѓи Кочов, стратегот кој го врати МЗТ Скопје на кошаркарскиот трон на Македонија, ќе остане на клупата на аеродромци и наредната сезона, одлучи клупската управа на последниот состанок.

Станува збор за шестиот стратег кој успеал да го донесе шампионскиот пехар во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата.

Тој во „сино-белиот“ табор дојде во текот на предминатиот шампионат, а за него ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на МЗТ Скопје. Од клубот најавија дека се формира тим за наредната сезона, кој ќе атакува на домашните трофеи и добар настап во АБА-2 лигатa.