Ѓорѓевиќ прави „дрим-тим“: Марковиќ се договори со Виртус Болоња

Александар Ѓорѓевиќ гради „дрим-тим“ во Болоња и многу работи ќе зависат од српските кошаркари. Имено, по потписот со Милош Теодосиќ, Виртус се наоѓа пред доведување на Стефан Марковиќ. Плејмејкерот на репрезентацијата на Србија е без клуб, откако му истече договорот со Химки Москва се наоѓа во стожерот на репрезентацијата, но очекува „зелено светло“ за трансфер во Серија А.

Марковиќ ќе потпише договор со Виртус на една сезона со опција и за втора ако двете страни бидат задоволни. Минатата сезона плејмејкерот остваруваше 6,1 поени и 4,4 асистенции по натпревар во Евролигата.

Ако се реализира трансферот, Марковиќ ќе се врати во Серија А, каде што играше во 2010 година за Бенетон Тревизо.