Ѓорѓевиќ: Попович ми рече дека сме е*ени губитници, во право е човекот!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, на прес-конференцијата по натпреварот со САД говореше за конверзацијата што ја имаше со противничкиот селектор Грег Попович.

Двете селекции кои многумина ги гледаа во финалето играа во меч за пласман, а Попович бил искрен и му кажал дека двете селекции се е*ени губитници на овој светски кошаркарски собир.

„Ми кажа убаво, во право е човекот. Кажа дека сме е*ени губитници и во право е. Требаше да играме за нешто повеќе, а видете за што игравме. Помеѓу нас двајца постои пријателски однос и затоа сме искрени“, изјави Ѓорѓевиќ.

Србија во дуелот за петтото место ќе игра со Чешка, додека САД се бори за седмото место со Полска.