Ѓорѓевиќ: Јас сум највиновен, Скола пред една година ми најави полуфинале

Елиминацијата на Србија од Аргентина го етикетира селекторот на светските вицешампиони Александар Ѓорѓевиќ како главен виновник за неуспехот. Наместо за златото, „орлите“ ќе играат за пласман од 5-8 место на шампионатот.

Ѓорѓевиќ ја призна вината и најави промени по завршувањето на натпреварите за пласман кои не се неважни, бидејќи во игра е квалификација на Олимписките игри во Токио.

„Луис Скола уште пред една година дена ми кажа – ќе играме полуфинале. Ги немавме капитенот Теодосиќ и Гаги Милосављевиќ, играчи кои знаат да ги играат овие натпревари. Не треба да го обвинуваме само Немања Бјелица, тој е голем спортист и голем играч. Јас сум највиновен, но како група знаеме како да излеземе од оваа ситуација и тоа ќе го сториме“, изјави Ѓорѓевиќ.

По сребрени медали од Европско и Светско првенство, Ѓорѓевиќ првпат нема да донесе медал во Србија, а тоа може да го чини и отказ од селекторската функција.