• Иван Димовски

Кошаркарите на Денвер Нагетс и Мајами Хит ноќва ќе ја започнат финалната серија во НБА лигата. Со првите натпревари во Колорадо ќе се крене завесата на битката за трофејoт.
Пред почетокот на серијата својот став го изнесе Новак Ѓоковиќ. Еден од најдобрите тенисери на денешницата нагласи дека, иако има огромна почит кон Џими Батлер од Мајами, тој сепак ќе го бодри својот сонародник Никола Јокиќ во финалето.
„Го сакам Џими Батлер, тој доаѓал на некои мои мечеви, но морам да го поддржам сонародникот.
Кажав дека сум неверојатно горд на Јокиќ, мислам дека кога тој ќе се пензионира ќе го ценат уште повеќе. Тој беше двапати МВП на НБА лигата, сигурно и ќе го повтори тоа. Се работи за интелигентен играч. Не ја разбирам многу кошарката, но слушам како Шек, Меџик... го фалат со години“, изјави Ѓоковиќ пред НБА финалето.
Ѓоковиќ во моментов е фокусиран на Ролан Гарос, каде што рутински мина две кола, меѓутоа нема сомнеж дека на малите екрани ќе го следи финалето на НБА лигата.