Ѓекиќ го замени Куманово со Спарс и АБА-2 лигата

Крилниот центар Бранислав Ѓекиќ ја напушти Македонија и својата кариера ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина каде ќе го носи дресот на Спарс.

Ѓекиќ, кој има 28 години, настапуваше за Куманово, но реши дека е време за промена. Се сели во БиХ, каде ќе игра за Спарс, екипа која игра во најквалитетниот босански шампионат како и во АБА-2 лигата, каде единствен македонски претставник е МЗТ Скопје.

Покрај за Куманово, кошаркарот во нашата лига настапуваше за Струмица и Фени Индустри, а исто така беше дел и од ОКК Белград, Лашко, Мега Лекс, Лашко...